Јапонскиот ски-скокач, Томофуми Наито, ја постигна својата прва победа во кариерата во Светскиот куп, откако триумфираше на натпреварувањето во Осло, кое заврши по само едно спуштање поради густата магла и силниот ветер.

Тој дојде до победата со скок од 131,5 метри, со што освои 128,7 бодови. Словенецот Анже Ланишек го освои второто место со 128,6 бода (127 метри), додека Финецот Анти Алто беше трет со 127,6 поени (131 метри).

Победникот во генералниот пласман на сезоната, Домен Превц, го освои деветтото место.

Поради многу променливите временски услови, организаторите одлучија да ги признаат резултатите по првото спуштање бидејќи не беше безбедно да се продолжи со натпреварувањето. Натпреварувачите имаат летови само на големата скокалница.

 

ИЗДВОЕНИ