Граѓаните и посетителите на паркот „Јане Сандански“ во Општина Аеродром отсега може да се поврзат на бесплатен јавен вај-фај сервис и да користат сигурна интернет-врска.
Од локалната самоуправа информираат дека Аеродром е една од 500. општини во регионот што добиваат вај-фај мрежа поставена во рамките на иницијативата WIFI4WB, финансирана од Европската Унија и од Владата на Сојузна Република Германија, а спроведувана од GIZ, како дел од проектот „EU4Digital“.
– Со оваа поддршка, Општина Аеродром продолжува да ги унапредува јавните услуги и да ја зајакнува дигиталната поврзаност на локалната заедница – потенцираат општинските власти.












