Општина Ѓорче Петров потпиша договор за јавно-приватно партнерство за поставување покривна фотоволтаична централа со вкупен капацитет од 2.1 MW на покривите на основните училишта, со што директно се инвестира во чистата енергија, енергетската ефикасност и во намалувањето на трошоците за електрична енергија.
– Со оваа постапка, Општина Ѓорче Петров, без финансиски импликации врз буџетот, добива најмалку 6 милиони денари годишно, чекор кон целосна енергетска независност – соопштија од локалната самоуправа.
Оттаму додаваат дека овој проект ќе значи: пониски трошоци за Општината, повеќе средства за нови проекти за граѓаните, заштита на животната средина, како и современа и одговорна локална самоуправа.












