EPA/MOHAMMED BADRA

Италијанскиот тенисер Јаник Синер води трка со времето за да биде подготвен за последниот гренд слем турнир во сезоната, САД Опен. Најдобриот светски тенисер се врати во Торино, каде што ја продолжи рехабилитацијата по проблемите со десното колено. Последниот меч го одигра на Вимблдон, каде што ја одбрани титулата, а потоа, поради повредата, го пропушти турнирот во Синсинати. Тој реши да не ризикува и целосно да му се посвети на заздравувањето пред патувањето во Њујорк.

Според информациите од Италија, Синер во Торино бил подложен и на терапија со ударни бранови, со цел да се намали воспалението на повреденото место. Првичните реакции на третманот се позитивни, но сè уште нема конечна одлука околу неговиот настап.

Во следните денови, светскиот рекет број еден ќе мине низ дополнителни прегледи, по кои ќе биде познато дали ќе може да настапи на САД Опен.

Италијанскиот тенисер нема настапено на ниту еден турнир по победата на Вимблдон. Оттогаш ги откажа настапите на мастер-турнирите во Монтреал и во Синсинати, кои претставуваат последна подготовка пред настапот на последниот грен слем турнир, САД Опен.

ИЗДВОЕНИ