EPA/TOLGA AKMEN

Светскиот тениски рекет број еден, Јаник Синер, не настапи на последниот гренд-слем турнир во сезоната САД опен, што Александар Зверев вешто го искористи за да го зграби трофејот. Неговото враќање е планирано за Пекинг за околу десет дена, каде што ќе настапи и Новак Ѓоковиќ.

Сепак, многумина веруваат дека Синер се враќа на теренот малку предвреме и дека не би било страшно ако го прескокне настапот во Кина, пред сè, за да закрепне и рехабилитира пред самиот крај на сезоната, а потоа и почетокот на следната кога се очекува да настапи на Отвореното првенство на Австралија.

Некогашниот 42. рангиран тенисер на планетата, Стефано Пескосолидо, истакна дека Синер, всушност, треба да ја прескокне целата азиска турнеја и да се фокусира на себе.

„Да бев на негово место, би прескокнал уште еден месец и би се вратил во Виена. Не би одел на ниту еден турнир што се игра во Азија“ рече Пескосолидо.

Сепак, тешко е да се поверува дека ќе се случи ова, особено затоа што во тој случај би го прескокнал познатиот егзибиционен турнир во Ријад, каде што заработи вкупно над 12 милиони долари во текот на изминатите две години.

„Сега гренд-слем турнирите се најважни за Синер. Тој ќе се потруди да ги освои што е можно повеќе. Неговата слабост е од физичка природа и мора да обрне внимание на тоа. Не смее да дозволи неговите проблеми тукутака да му се вратат. Сега следуваат Пекинг и Шангај, а вториот се игра во голема жештина. Затоа е подобро да се вратиме во Виена, кога се играат турнирите во затворен простор, заврши Пескосолидо.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ