вторник, септември 22, 2026
Дома СВЕТ Воен авион Ф-16 се урна во близина на американска воена база во...

Воен авион Ф-16 се урна во близина на американска воена база во Германија – пилотот се катапултираше

0
Фото:википедија/A US Air Force (USAF) F-16C Fighting Falcon, 120th Fighter Squadron (FS), 140th Fighter Wing (FW),

Американски воен авион денеска се урна во близина на воздухопловната база „Спангдалем“ во западна Германија; пилотот безбедно се катапултираше, но се здоби со повреди, соопшти командата на базата без да наведе дополнителни детали.

Во „Спангдалем“ се стационирани околу 20 борбени авиони Ф-16, објави германската новинска агенција ДПА.

Ескадрилата, која дава поддршка на американските воени и НАТО-мисии ширум светот, претставува клучна компонента на базата, во која се ангажирани 5.000 припадници на војската и цивилен персонал – вклучително и повеќе од 700 Германци.

Американските воздухопловни сили се присутни во „Спангдалем“ уште од средината на 1950-тите години. Заедно со воздухопловната база „Рамштајн“ во близина на Кајзерслаутерн, во југозападна Германија, таа се смета за една од најважните бази на американската војска во Европа.

ИЗДВОЕНИ