вторник, септември 15, 2026
Дома СПОРТ Јамал јасно кажа кој треба да ја освои „Златната топка“

Јамал јасно кажа кој треба да ја освои „Златната топка“

0
epa13236689 FC Barcelona's Lamine Yamal celebrates after scoring the 0-2 goal during the Spanish LaLiga soccer match between Levante UD and FC Barcelona, in Valencia, Spain, 13 September 2026. EPA/BIEL ALINO

Еден од најдобрите играчи во светот, Ламин Јамал, јасно стави до знаење кој, според него, треба да ја освои „Златната топка“. Младиот ас на Барселона е свесен дека е во друштво на најголемите светски ѕвезди, но верува дека дошло време да направи уште еден огромен чекор и да го освои признанието за кое сонува секој фудбалер.

Без многу размислување, тој се издвои себеси, а и Килијан Мбапе, како двајца од најдобрите играчи во светот, но веднаш го додаде најважното. Тој смета дека ја заслужува „Златната топка“ оваа година.

– Килијан Мбапе и јас сме двајцата најдобри играчи во светот. Но, оваа година верувам дека заслужувам да ја освојам „Златната топка“ – рече Јамал.

Иако е сè уште многу млад, тој веќе има став на играч што сака да остави свој белег во историјата. За него, она што го направил досега не е доволно за да биде задоволен, а особено има чувство дека можел да направи уште повеќе на најголемата репрезентативна сцена.

– За секој друг играч, мојот настап на Светското првенство би бил одличен, но не и за мене. Навистина сакам да дојде следниот – додаде младиот Шпанец, јасно алудирајќи на следниот Светски куп.

Тој верува дека неговата приказна е различна во многу аспекти од сето она што сме го виделе претходно. Тој е свесен дека Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Диего Марадона оставиле свој белег во фудбалската историја, но верува дека она што го прави на своја возраст е речиси без преседан.

– Постојат историски играчи како Меси, Кристијано и Марадона, но не мислам дека се случило некогаш некој да освои толку многу на толку млада возраст. Луѓето имаат став дека, можеби, ќе се опуштам во одреден момент бидејќи веќе имам освоено толку многу. Но, знам дека сè уште имам да направам илјада работи за да останам во историјата на фудбалот – додаде Јамал.

ИЗДВОЕНИ