четврток, јули 2, 2026
Дома СВЕТ Израел ја нападна Газа со цел да го ликвидира водачот на Хамас/ВИДЕО

Израел ја нападна Газа со цел да го ликвидира водачот на Хамас/ВИДЕО

73
ЕPA/WAEL HAMZEH

Израел денеска изврши напад во Газа со цел ликвидација на шефот на вооруженото крило на Хамас, Из ал Дин ал Хадад, кого го смета за еден од главните организатори на нападот од 7 октомври 2023 година.

Израелските власти соопштија дека Ал Хадад бил цел на воздушен удар во градот Газа. Тој ја презел командата над военото крило на Хамас по ликвидацијата на Мохамед Синвар во мај 2025 година.

Во заедничко соопштение, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац, навеле дека Ал Хадад е одговорен за убиства, киднапирања и напади врз израелски цивили и војници. Засега нема официјална потврда дали тој загинал во нападот, а Хамас не се огласи за случајот.

Според болнички извори и сведоци од Газа, нападот погодил стан во населбата Римал, при што загинало најмалку едно лице, а неколку други биле повредени.

Кратко по првиот напад, израелски авион погодил и возило во близина на местото на експлозијата. За евентуални жртви во вториот напад засега нема информации.

ИЗДВОЕНИ