Израелската војска ги нападна предградијата на либанскиот главен град Бејрут откако Хезболах го гранатираше Израел, изјавија во недела премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана, Израел Кац.
Нетанјаху и Кац рекоа дека армијата ги таргетирала штабовите на „терористите“.
Видео снимки од сведоци покажаа густи облаци чад како се издигаат од преполното предградие на Бејрут познато како Дахие, кое се смета за упориште на либанското движење Хезболах.
Примирјето е на тест
Израел значително ги намали нападите врз Либан откако прекинот на огнот стапи на сила во средината на април. Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, објави прекин на израелските напади во областа, како и прекин на нападите на Хезболах врз Израел.
Израел и Либан се согласија за тоа како да го спроведат прекинот на огнот пред неколку дена. Но, Хезболах ги отфрли условите и брзо започна нови напади.
Либанската влада не е страна во конфликтот и има ограничено влијание врз проиранскиот Хезболах, кој не беше вклучен во разговорите за прекин на огнот.












