Попладнево избувна пожар во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје.
РЦУК – Скопје, извести дека кај Бит Пазар гори куќа и во моментот БППЗ на Град Скопје интервенираат со 6 ПП возила.
Звонко Томески, командант на Противпожарната единица – Скопје изјави за МИА дека пожарот е ставен под контрола.
– Станува збор за куќи, индивидуални. Опожарен е кров на една двокатна куќа, од која што поради близина на објектите, има зафатено делови од уште две куќи. Пожарот позади пазарот е целосно ставен под контрола, се работи сега на расчистување. Интервенирано е со девет возила, со 22 пожарникари – изјави Томески.
На гасење на пожарот интервенирале 22 пожарникари со девет противпожарни возила.
Томески додаде дека висината на штетата допрва ќе се утврдува.












