понеделник, ноември 9, 2026
Дома СВЕТ Нетанјаху ги повикa сите еврејски опозициски партии да му се придружат

Нетанјаху ги повикa сите еврејски опозициски партии да му се придружат

0
Фото: EPA/ABIR SULTAN / POOL

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес ги повика лидерите на еврејскиот опозициски блок да му се придружат во влада на единство, нагласувајќи дека тоа е „итна потреба“, пренесе „Џерусалем пост“.

Во видео-порака, Нетанјаху изјави дека секоја еврејска партија може да ѝ се приклучи на владата – не исклучувајќи никого – додавајќи дека тој, како лидер на најголемата поединечна партија, треба да ја предводи оваа влада на единство.

„Оваа влада мора да ги вклучи сите партии од националниот блок, вклучително и ултраортодоксните хареди партии“, рече израелскиот премиер.

Тој исто така предупреди дека партиите мора да ги здружат силите за да се соочат со „големите предизвици“ со кои се соочува земјата.

„Влада не може да се формира со оние што го поддржуваат Хамас“, рече Нетанјаху.

Уште во саботата – првпат по изборите одржани во вторникот – премиерот повика на формирање влада на национално единство.

„Сега е време за единство. Тоа е волјата на народот и итна потреба. Влада што се потпира на оние што го поддржуваат теророт, нема да се бори против теророт“, изјави Нетанјаху. Според него, Израел „не би преживеал“ влада формирана од опозицијата заедно со „исламистите“, додавајќи дека таква влада „би го уништила Израел одвнатре“.

ИЗДВОЕНИ