понеделник, ноември 9, 2026
Дома БАЛКАН Закана за поставена бомба на траект во Грција – евакуирани околу 900...

Закана за поставена бомба на траект во Грција – евакуирани околу 900 патници

47

Денеска од траект во Грција, кој требаше да исплови од Пиреја, беа евакуирани околу 875 патници, откако беше добиено предупредување дека на бродот е поставена експлозивна направа.

По евакуацијата, припадници на крајбрежната стража започнаа со претрес на бродот, со помош на специјално обучено куче за откривање експлозиви, пренесува „Катимерини“.

На бродот се наоѓаше и екипаж од 83 члена, а пловилото превезуваше 89 патнички автомобили, 12 мотоцикли, 110 камиони и еден минибус.

Траектот „Блу стар 1“ („Blue Star 1“) требаше да исплови за Родос во 18:00 часот по локално време, со попатни застанувања на островите Сирос, Патмос, Лерос и Кос, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ