-„Електробус – Икарус” и австриската ЕВН ги исполнија сите услови предвидени во јавната набавка за 150 нови електрични автобуси и 75 станици за полнење и воедно понудија најниска цена од 19.350.000 денари или околу 314 илјади евра по автобус, што е исклучително конкурентна цена на пазарот на електрични автобуси. Согласно Одлуката, компанијата „Икарус” треба да ги достави електричните автобуси, а компанија „ЕВН” станиците за полнење – наведуваат од Министерството за транспорт

 

Заедничката понуда на унгарската компанија „Електробус- Икарус” и на австриската „ЕВН“ е избрана за најповолен понудувач на јавниот повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 станици за полнење на електричните автобуси.

Министерството за транспорт соопшти дека Комисијата составена од стручни лица, по направената евалуација утврдила дека од вкупно четири понуди, три економски оператори не ги исполнувале условите од јавниот повик и врз основа на поднесените понуди направила прелиминарен избор и поднеча предлог за избор за најповолен понудувач.

-„Електробус – Икарус” и австриската ЕВН ги исполнија сите услови предвидени во јавната набавка за 150 нови електрични автобуси и 75 станици за полнење и воедно понудија најниска цена од 19.350.000 денари или околу 314 илјади евра по автобус, што е исклучително конкурентна цена на пазарот на електрични автобуси. Согласно Одлуката, компанијата „Икарус” треба да ги достави електричните автобуси, а компанија „ЕВН” станиците за полнење – наведуваат од Министерството за транспорт.

Оттаму известуваат дека според техничките каректеристики, меѓу другото, електричните автобуси треба да бидат со најмалку максимална моќност од 300 kW, со капацитет од најмалку 66 патници, автоматски регулиран клима уред за ладење/греење.

Инаку, избраниот економскиот оператор има обврска да врши тековно одржување и поправка на сите настанати технички неисправности и да обезбеди резервни делови во следните 10 години од денот на стапување на возилата во употреба.

-Автобусите треба да бидат одобрени согласно Европската директива 2018/858 – нагласуваат од Министерството за транспорт.

При тоа, додаваат дека по склучување на договорот, најповолниот понудувач е должен да изврши испорака на автобусите и станиците за полнење по следната динамика: 30 електрични автобуси и 15 станици за полнење да се достават во рок не подолг од шест месеци од денот на склучување на договорот, 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од дванаесет месеци од денот на склучување на договорот и 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од осумнаесет месеци од денот на склучување на договорот.

По донесување одлука за избор, утврден е рок за жалба од десет дена.

Од компанијата „Икарус“ посочуваат дека достигнале значајна меѓународна пресвртница со тоа што ја добиле најголемата набавка на електрични автобуси во својата историја.Во рамките на набавката,
100 автобуси ќе го зајакнат јавниот превоз во Скопје, додека преостанатите 50 возила ќе бидат испорачани во други градови воМакедонија, што ја прави оваа една од најзначајните набавки на
електрични автобуси во регионот оваа година.

– Можноста за оваа извонредна нова нарачка по обем покажува силна потврда за техничката подготвеност и меѓународната конкурентност на Икарус и е клучна пресвртница во успешното спроведување на пазарната стратегија на нашата компанија, преку која ја зајакнуваме нашата позиција на пазарот на електрични возила во Централна и Југоисточна Европа. Особено сме горди што нашата понуда е изградена врз соработката на повеќе нации и култури и што во клучните точки на имплементација можеме да се потпреме на експертизата на локалните компании од Македонија – вели Јанос Хунор Келемен, директор за продажба на групацијата „Икарус“.

„Икарус“, основана во 1895 година, е еден од пионерите во автобусната индустрија и денес се позиционира како водечки производи тел на електрични возила со фокус на јавен превоз со нулта емисија.

ИЗДВОЕНИ