четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Исчистена дива депонија во Маџир Маало, собрани 12 тони отпад

Исчистена дива депонија во Маџир Маало, собрани 12 тони отпад

173

Акцијата е дел од пошироките активности на Општината за расчистување на дивите депонии на повеќе локации на територијата на Центар. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, апелираше граѓаните да ја чуваат животната средина и да не фрлаат отпад на недозволени места

Службите на Општина Центар со камиони и механизација исчистија дива депонија во Маџир Маало. Од Општина Центар соопштија дека е расчистена површина од околу 150 квадратни метри, при што се собрани и транспортирани над 12 тони мешан отпад во депонијата „Дрисла“.

Притоа, додаваат дека акцијата е дел од пошироките активности на Општината за расчистување на дивите депонии на повеќе локации на територијата на Центар.

– Нема да дозволиме да биде запоставен ниту еден дел од Општината. Континуирано чистиме и интервенираме за подобра јавна хигиена. Но, ова е и заедничка одговорност – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Тој апелираше граѓаните да ја чуваат животната средина и да не фрлаат отпад на недозволени места.

Службите на Општина Центар ги повикуваат граѓаните да пријавуваат диви депонии, со цел нивно навремено отстранување и спречување на загадувањето на воздухот, почвата и на водата, што директно влијае врз здравјето на жителите.

 

 

ИЗДВОЕНИ