Бразилскиот скијач Лукас Пињеиро Братен го освои последниот велеслалом за сезоната во Хафјел, Норвешка, и го освои малиот Кристален глобус во оваа дисциплина.
Олимпискиот шампион на тој начин ја оствари својата осма победа во Светскиот куп, а со триумфот го зазеде и првото место во пласманот во велеслалом, на крајот од сезоната.
Борбата за трофејот беше дополнително отворена откако лидерот во досегашниот пласман во велеслалом, Швајцарецот Марко Одермат, се откажа во првото возење.
Одермат, кој претходно ги обезбеди Кристалните глобуси во спуст, супер-џи и во генералниот пласман, направи грешка во првиот сектор од патеката, што практично го остави без шанса да ја заврши сезоната како најдобар скијач во велеслалом.










