четврток, ноември 12, 2026
Дома МАГАЗИН Војаж стана татко – џабе се криеше од новинарите – поранешното момче...

Војаж стана татко – џабе се криеше од новинарите – поранешното момче на контроверзната Бресквица

1

Српскиот рапер и глумец, 25-годишниот Михајло Верувиќ, познат по прекарот Војаж, а кој изминатото лето имаше многу настапи во Македонија, пред некој ден стана татко. Пред тоа, Војаж се забавуваше со пејачката Бресквица, а по таа пропадната врска, остана сам. Но не за долго. Влета во новата врска, од која сега има и дете. Полот на бебето не го открива, како што не открива ниту какви било детали за принова во семејството. – Ве молам, почитувајте ја мојата приватност, изјави Војаж. По сè изгледа, најважно му е бебето да биде далеку од сцената, медиумите и од новинарите.

Како и да е, овој згоден рапер секогаш предизвикува внимание каде и да се појави. Интересот на неговите фанови е голем и за девојката со која Војаж сега има дете. Тоа е Кристина Станков, фотомодел од Белград, која е со модни ангажмани и во Париз. За неа не се знае речиси ништо, бидејќи нема профили на социјалните мрежи. Единствено се видливи нејзините фотографии во манекенско портфолио од матичната агенција во Белград, како и од агенцијата во Париз.

(Д. М.) фото:ФБ

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ