Иранското Министерство за надворешни работи објави дека ќе побара од Советот за безбедност на Обединетите нации да го ратификува конечниот договор со САД, кој ќе вклучува детали за иранската нуклеарна програма.
„Очекуваме Советот за безбедност на ОН да го поддржи конечниот договор преку резолуција во рок од 60 дена“, изјави портпаролот на Министерството, Есмаил Багеи, на редовната прес-конференција, додавајќи дека Техеран научил лекции од минатото“, објавува „Тајмс оф Израел“.
Иранскиот претседател Масуд Пезизкијан претходно потврди дека Меморандумот за разбирање за завршување на војната меѓу Иран и САД ќе биде потпишан во петок.
Американската војска објави дека блокадата на иранските пристаништа ќе остане на сила до крајот на договорот за прекин на огнот со Иран, или до 19 јуни, кога се очекува да биде потпишан договорот.
„Не обидувајте се да поминете додека не се дадат експлицитни инструкции“, се вели во нота на американските сили.












