Иранскиот парламент (Меџлис) планира да одобри закон со кој се наплаќа за премин на бродови низ Ормутскиот теснец, објавија денес иранските медиуми.
Шефот на парламентарниот комитет за градежништво изјави дека „нацртот е подготвен, но не е во фаза на целосен закон“.
Целта, како што се вели, е да се „обезбеди безбедност за бродовите што минуваат низ него“.
Како што објави Би-Би-Си, не беше прецизирано која би била цената на преминот.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, синоќа изјави дека Иран досега прифатил барања за бродови да минуваат низ теснецот од земји како „Кина, Русија, Пакистан, Ирак и Индија“.
Тој рече дека од иранска перспектива, Ормутскиот теснец „не е целосно затворен, но е затворен за непријатели“.












