Иранската новинска агенција Тасним објави дека американски танкер за нафта во северниот дел на Персискиот Залив бил погоден од ракета лансирана од иранските сили
„Бродот беше погоден утрово во северниот дел на Персискиот Залив од страна на силите на Иранската револуционерна гарда и во моментов е во пламен“, наведува Тасним.
САД сè уште не ги коментираа наводите.
Иранската револуционерна гарда претходно изјави дека има целосна контрола врз Ормутскиот теснец и дека морскиот премин е практично затворен за извоз на нафта и гас.
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека е подготвен да ја распореди американската морнарица за да ги придружува танкерите низ тесниот морски премин, низ кој минува околу една петтина од светската нафта.












