понеделник, јуни 15, 2026
Дома СВЕТ Иран со брутална порака: Војната сè уште не е завршена!

Иран со брутална порака: Војната сè уште не е завршена!

656
Фото: EPA/ALI HAIDER

Портпаролот на иранската војска изјави за државната телевизија дека војната, и покрај прекинот на огнот што е на сила, не е завршена за Иран.

Изјавата дојде кратко време по последната изјава на Доналд Трамп на социјалните медиуми, објавува „Скај њуз“.

– Ситуацијата сè уште се смета за воена состојба, а базата на податоци за целите и опремата на нашите сили е ажурирана – рече портпаролот.

Осврнувајќи се на ситуацијата во Ормускиот теснец, портпаролот откри и како е поделена контролата помеѓу редовната армија и Револуционерната гарда.

Тој објасни дека западниот дел од теснецот е контролиран од Револуционерната гарда, додека источниот дел е под надзор на редовната армија на Исламската Република.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушал“ тврдеше дека Иран го информирал дека земјата е во „состојба на колапс“.

– Иран штотуку нè информираше дека е во „состојба на колапс“. Тие сакаат што поскоро да го „отвориме Ормускиот теснец“ додека се обидуваат да ја решат ситуацијата со нивното лидерство – напиша Трамп, додавајќи дека верува оти иранското раководство ќе може да ја стабилизира ситуацијата.

Неговата објава доаѓа во време кога Техеран продолжува да тврди дека земјата е во воена состојба, додека тензиите околу контролата и сообраќајот низ Ормускиот теснец продолжуваат.

ИЗДВОЕНИ