Ирански извор изјави за новинската агенција Фарс дека американската блокада на Ормускиот теснец, доколку продолжи, ќе се „смета за кршење на прекинот на огнот“.

Тој предупреди дека доколку блокадата продолжи, Техеран ќе одговори со повторно целосно затворање на оваа клучна поморска рута, што најверојатно би предизвикало нагло зголемување на цените на нафтата и гасот.

Истиот извор изјави дека за премин на бродови низ овој важен економски коридор, откако ќе се отвори повторно, важат три услови:

Бродовите мора да бидат комерцијални, а не воени

Бродовите можат да користат само рути одредени од Иран

Целиот транзит мора да се одвива во „координација“ со иранските сили

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави претходно дека блокадата на САД ќе остане „во полна сила“ сè додека не се постигне мировен договор. Трамп напиша дека блокадата ќе остане на сила сè додека договорот не биде „100% ЗАВРШЕН“, додавајќи дека очекува тоа да се случи „МНОГУ НАСКОРО“.

Американскиот генерал Ден Кејн вчера изјави дека веднаш по воведувањето на блокадата, бродовите се обиделе да ја пробијат и дека најмалку 14 бродови биле спречени да поминат.

ИЗДВОЕНИ