четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Иран ги отфрла предлозите на Трамп, има доволно ракети за да се...

Иран ги отфрла предлозите на Трамп, има доволно ракети за да се брани

737
epa12786534 Smoke rises in central Tehran after an Israeli attack in Iran, 01 March 2026. A joint Israeli and US military operation continues on its second day after targeting multiple locations across Iran in the early hours of 28 February 2026, with Iran later launching retaliatory attacks. EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Иран преку посредници добил пораки што укажуваат на подготвеност на САД за преговори, но како што рече во понеделникот портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, предлозите се „нереални, нелегални и прекумерни“.

– Нашиот став е јасен. Изложени сме на воена агресија. Затоа сите наши напори и сили се фокусирани на самоодбраната – рече тој, негирајќи го американскиот претседател, Доналд Трамп, кој рече дека се прифатени предлозите, објави агенцијата „Тасним“.

Багеи, на прес-конференција, потенцираше дека Иран досега немал директни преговори со САД. Тој истакна дека Иран отсекогаш ја знаел рамката што ја бара и додаде дека состаноците во Пакистан се одржуваат во рамките утврдени од самиот Пакистан, а Иран не учествува во нив.

– Иако е позитивно што земјите во регионот се заинтересирани за завршување на војната, агресорот мора да се препознае и не треба да се очекува од Иран еднострано да покаже воздржаност. Иран е нападнат, а не иницијатор – рече тој.

Војната на САД и Израел во Иран влезе во вториот месец, а според она што го кажале разузнавачки извори за „Ројтерс“, не е точно тврдењето на Трамп дека Иран има „многу малку ракети“, како ни процените на некои американски претставници дека програмата за балистички ракети на Иран е речиси неутрализирана. Напротив, соговорниците на „Ројтерс“ проценуваат дека се уништени околу една третина од ракетите, додека една третина, веројатно, се оштетени или скриени во подземни тунели и бункери. Слична процена важи и за иранските беспилотни летала. Тоа значи дека иако многу од ракетите моментално не се достапни за употреба, Иран сè уште има значителни резерви.

ИЗДВОЕНИ