четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Стармер: Ова не е наша војна, нема да испраќаме војници во Иран

Стармер: Ова не е наша војна, нема да испраќаме војници во Иран

39
EPA/JOSE SARMENTO MATOS / POOL

Британскиот премиер Кир Стармер ја исклучи можноста за испраќање војници во Иран, дистанцирајќи ја Велика Британија од директно вклучување во конфликтот.

„Ова не е наша војна и ние нема да бидеме вовлечени во неа“, рече тој, пренесе Ал Џезира.

Стармер додаде дека Велика Британија презема „одбранбени мерки“ за да ги заштити „британските животи, британските интереси и, секако, нашите сојузници во регионот“.

Тој нагласи дека Велика Британија ќе продолжи со своите напори за помош во повторното отворање на Хормускиот Проток, но нагласи: „Ние нема да бидеме вовлечени во оваа војна“.

Сепак, Велика Британија одобри користење на британските бази од страна на Соединетите Американски Држави за напади врз ирански цели поврзани со заканите во Хормускиот Проток.

Британски борбени авиони се распоредени и за пресретнување на ирански ракети.

ИЗДВОЕНИ