четврток, јули 23, 2026
Дома РАЗНО Куба е во целосен мрак – 10 милиони луѓе останаа без струја

Куба е во целосен мрак – 10 милиони луѓе останаа без струја

435

Операторот на кубанската електрична мрежа објави дека националната електрична мрежа во земјата целосно се распаднала, оставајќи 10 милиони луѓе без струја.

Министерството за енергетика и рударство објави на мрежата „Икс“ дека дошло до „целосно затемнување“ на националниот електроенергетски систем и рече дека е во тек истрага, пренесе АП.

Ова е првото затемнување откако САД ефикасно го прекинаа протокот на нафта кон Куба, што го парализираше веќе проблематичниот систем за производство на електрична енергија на островот.

Администрацијата на Трамп, со воена акција во Венецуела и заканата од акцизи врз Мексико, доведе до блокада на увозот на нафта во Куба, а недостигот на гориво е очигледен во последните денови.

Бројни слики од редици на бензински пумпи доаѓаат од таа земја, но економската неизвесност што Кубанците ја доживуваат во моментов е уште поголема, можеби најголема во последните децении или дури и во целата нивна историја.

Наставата е прекината во многу училишта, а вработените се привремено отпуштени од работа поради заштеда на енергија. Многу државни болници престанаа да нудат услуги, а недостигот на гориво и работни камиони за отпад доведе до натрупување на отпад во цели населби.

Исто така, летовите од Русија и Канада се откажани бидејќи на осторвот нема доволно млазно гориво за подолги меѓународни летови.

Минатата недела, организаторите го откажаа годишниот фестивал на цигарите „Хабанос“ кои носи милиони долари приход во земјата. „Шерит интернешенел“ во вторникот овјави дека компанијата ги прекинува своите операции за вадење на никел и кобалт на Куба поради кризиата со горивото.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ