петок, јуни 5, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Инфлацијата се смирува, но уште ги празни џебовите на граѓаните

Инфлацијата се смирува, но уште ги празни џебовите на граѓаните

48

Годишната инфлација во септември мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2025 изнесува 4%, додека месечната инфлација е пониска од августовската за 0,2%, објави Државниот завод за статистика.

Според Статистика, цените на мало на годишно ниво бележат зголемување од 4,1%, а на месечно ниво се намалени за 0,7%.

Намалувањето на инфлацијата во септември во однос на август 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во групите: транспорт за 3,3%, ресторани и хотели за 1,3%, рекреација и култура за 0,7%, облека и обувки за 0,3%, разновидни стоки и услуги за 0,2% и храна и безалкохолни пијалаци за 0,1%.

Во септември во однос на август зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: алкохолни пијалаци, тутун и наркотици од 2,8%, комуникации од 1,8%, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата  од 0,8%, здравје 0,4% и домување, вода, електрика, гас и други горива од 0,3%.

Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

ИЗДВОЕНИ