Директорот на Клиниката за инфективни болести денеска информираше дека во Македонија има еден потврден случај на „Денга треска“.
Откриена е 42-годишник од Бангладеш кој пристигнал во Македонија на работа.
Случајот е потврден врз основа на лабораториски наоди направени на Инфективната клиника во Скопје и во Институт за jaвно здравје.
Заболениот е хоспитализиран на Инфективна клиника.
Здравствените власти уверуваат дека во моментов не постои ризик за ширење на болеста.
„Денга треската“ се пренесува исклучиво од убод на комарец.












