петок, јуни 5, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Индија купи нафта од Иран првпат по седум години

Индија купи нафта од Иран првпат по седум години

118
Фото: EPA/OLIVIER HOSLET

Индија купи нафта од Иран за прв пат по седум години, потврди иранското Министерство за нафта и гас, објави „Ројтерс“. Тоа е ретко официјално признание од Њу Делхи дека увезува иранска нафта, откако избегнуваше такви трансакции седум години поради санкциите на САД.

Индија купи и 44.000 метрички тони течен нафтен гас (LPG), кој моментално се истоварува во пристаништето Мангалор. Земјата увезува голем дел од својата енергија од странство, вклучувајќи околу 85 проценти од LPG, главно од Блискиот Исток, поради што беше особено погодена од затворањето на Ормутскиот теснец.

Иран практично го блокираше Ормутскиот теснец како одговор на нападите на САД и Израел, предизвикувајќи сериозни нарушувања на глобалните енергетски пазари.

Минатиот месец, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп издаде привремена дозвола на Иран да продаде околу 140 милиони барели нафта што беа на танкери на море, со цел да се намали притисокот врз пазарот.

ИЗДВОЕНИ