среда, октомври 21, 2026
Дома БАЛКАН Антивладините протести во Албанија не запираат: Молотови коктели фрлени врз владата во...

Антивладините протести во Албанија не запираат: Молотови коктели фрлени врз владата во Тирана

0
EPA/MALTON DIBRA

Осми ден по ред во Тирана се одржуваат антивладини демонстрации. Денешниот собир беше хаотичен, при што демонстрантите фрлија неколку молотови коктели кон зградата на албанската влада.

Ова предизвика пожар, поради што беше потребна интервенција на пожарникарите за да се спречи понатамошна штета, пренесува „Еуроњуз Албанија“.

Ситуацијата не се смири ниту потоа, бидејќи толпата почна да фрла молотови коктели кон полицајците кои се наоѓаа во зградата на владата.

Откако поминаа неколку часа пред кабинетот на премиерот, демонстрантите се упатија кон плоштадот „Скендербег“, каде што продолжија да извикуваат пароли против владата.

По пристигнувањето на плоштадот, беше најавен нов собир за утре во 9 часот пред зградата на Парламентот, кој се совпаѓа со закажаната пленарна седница.

ИЗДВОЕНИ