Иран вчера употреби нов систем за воздушна одбрана за да собори американски борбени авиони, објави денес Централната оперативна команда Хатам ал-Анбија на иранската војска, како што објави „Ројтерс“.
Портпаролот на командата изјави дека земјата „дефинитивно ќе постигне целосна контрола“ врз својот воздушен простор, според иранските државни медиуми.
Американски двосед Ф-15Е беше соборен од ирански оган, потврдија официјални лица во двете земји, додека двајца американски претставници изјавија дека пилотот се катапултирал од борбениот авион А-10 Вартог што се урна во Кувајт откако беше погоден од ирански оган.
🚨🔥 BREAKING: Unconfirmed reports are circulating that a US F-15E Strike Eagle crashed within Iran.
Video footage shows a U.S. Air Force HC-130J “Combat King II” Combat Search and Rescue aircraft and a UH-60 Black Hawk helicopter operating at low level in the same area.… pic.twitter.com/NjhYtNklWr
— The Patriot Oasis™ (@ThePatriotOasis) April 3, 2026
Два хеликоптери „Блек Хок“ вклучени во потрагата по исчезнатиот пилот на првиот авион беа погодени од ирански оган, но успеаја да го напуштат иранскиот воздушен простор.
Тежината на повредите на екипажот останува непозната. Статусот и локацијата на исчезнатиот член на екипажот на Ф-15Е не се јавно познати.
Исламската револуционерна гарда соопшти дека ја пребарува областа во близина на местото каде што се урна авионот во југозападен Иран, а регионалниот гувернер вети награда за секој што ќе зароби или убие „непријателски сили“.












