Индија изврши напади врз девет локации во Пакистан/видео

20
Фото: EPA-EFE/FAROOQ KHAN

Индиската влада вечерва потврди дека нејзините сили извеле воени напади на вкупно девет локации во Пакистан и Кашмин со кои управува Пакистан. Во службената изјава се наведува дека станува збор за операција наречена „Синдоор“, со која се погодени „терористички објекти со кои се планирани и водени нападите на Индија“.

„Нашите акции беа целни, одмерени и со неескалациска природа. Ѓраѓаните не се никакви воени објекти на Пакистан. Индија покажа значителна воздржаност во изборот на целите и начинот на спроведување на операцијата“, порача идинската влада.

Нападот, како што се наведува, бил нареден по минатомесечниот смртоносен напад на милитатнтите врз туристи во индискиот дел на Кашмир. Индија го обвинува Пакистан за поддршка на прекуграничен тероризам – обвинување кое Исламабас го отфрла во целост.

Од друга страна, пакистанската војска потврди дека индиските сили извршиле ракетни напади на три локации, што првпат беше објавено на државната телевизија вечерва. Ројтерс објави за силно гранатирање и експлозии во пограничните области на пакистанскиот Кашмир.

Портпаролот на пакистанската војска изјави дека Исламабад ќе „одговори на овој напад во време и на место што ќе го избере“, додавајќи дека сите пакистански борбени авиони моментално се во воздух.

„Ова е срамен и кукавички напад, извршен од индискиот воздушен простор“, рече портпаролот.

ИЗДВОЕНИ