четврток, октомври 8, 2026
Дома СВЕТ Инцидент во училиште во Украина: 11-годишна ученичка активираше граната за време на...

Инцидент во училиште во Украина: 11-годишна ученичка активираше граната за време на тревога за воздушен напад

0

Во училиште во Бердичив, во украинскиот регион Житомир, граната за обука што ја донела 11-годишна ученичка експлодирала во училишното засолниште за време на тревога за воздушен напад.

Во инцидентот нема повредени ученици ниту наставен кадар, соопшти Националната полиција на регионот Житомир.

Од полицијата изјавија дека денеска околу 11:00 часот добиле пријава за можна експлозија во училишните простории, пренесува „Укринформ“.

Според првичните информации, ученичката донела две гранати за вежба во училиштето. Додека учениците биле во засолништето за време на тревогата за воздушен напад, девојчето се обидело да ја расклопи едната од нив, при што дошло до експлозија на направата.

Полициските службеници на местото на настанот пронашле остатоци од една граната, како и втора пиротехничка направа.

Полицијата во моментов ги истражува сите околности поврзани со инцидентот, вклучително и потеклото на гранатите што ученичката ги донела во училиштето.

ИЗДВОЕНИ