петок, октомври 9, 2026
Дома МАГАЗИН Француска астронаутка собори европски рекорд: Се врати на Земјата по 235 дена...

Француска астронаутка собори европски рекорд: Се врати на Земјата по 235 дена поминати во вселената /ВИДЕО

10
Фото:википедија/Photo credit: NASA/Helen Arase Vargas and David DeHoyos

Меѓу нив е и француската астронаутка Софи Адено, која постави рекорд за најдолг непрекинат престој во орбитата за европски астронаут, откако помина 235 дена на Меѓународната вселенска станица (ISS).

Адено, заедно со тројца други членови на екипажот – еден руски и двајца американски астронаути – слета во капсула што се спушти во океанот (т.н. „сплешдаун“) околу 17:30 часот по локално време, по патување што траеше околу еден ден.

Таа помина повеќе од осум месеци во орбитата, на околу 400 километри над Земјата, и изведе три излегувања во отворена вселена за време на својата прва вселенска мисија.

Враќањето на Земјата сè уште не е целосно завршено за Адено и останатите членови на екипажот, бидејќи по спуштањето во водата, тие ќе бидат превезени до копното со хеликоптер, пренесува „Ле Фигаро“.

Потоа, Адено ќе отпатува за Келн, Германија, каде што ќе започне повеќенеделна програма за закрепнување по престојот во вселената, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ