среда, јуни 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Инцидент во Трпејца: Газда на кафеана и Холанѓанец нападнале семејство

Инцидент во Трпејца: Газда на кафеана и Холанѓанец нападнале семејство

42

Во угостителски објект во селото Трпејца, охридско, синоќа се случил инцидент во кој, според пријава до полицијата, физички биле нападнати три лица од едно семејство.

Од СВР Охрид информираат дека во 23:10 часот, А.К. (37) од селото Пештани пријавил дека околу 21:50 часот, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице од Холандија и од С.И. од Пештани, кој е сопственик на угостителскиот објект.

Според пријавата, по нападот врз А.К., во објектот физички биле нападнати и неговата сопруга и неговата ќерка.

Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.

ИЗДВОЕНИ