петок, јули 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Инцидент на автопатот Велес-Скопје: Се запали автобус во близина на наплатна станица,...

Инцидент на автопатот Велес-Скопје: Се запали автобус во близина на наплатна станица, патниците се навремено евакуирани

71

Попладнево на автопатот Велес–Скопје, се запалил автобус со прилепски регистарски таблички во близина на наплатната станица Отовица. Благодарение на брзата реакција, сите патници навреме го напуштиле возилото и нема повредени.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи за медиумите, веднаш по пријавата на терен биле испратени екипи на Територијалната противпожарна единица, како и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес.

Поради интервенцијата и безбедносните мерки, сообраќајот на овој патен правец е привремено во прекин.

ИЗДВОЕНИ