петок, јули 3, 2026
Дома СВЕТ Трамп со предупредување до Тајван да не прогласува формално независност од Кина

Трамп со предупредување до Тајван да не прогласува формално независност од Кина

40
EPA/Maxim Shemetov / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп упати предупредување до Тајван да не прогласува формално независност од Кина.

„Не сакам некој да стане независен“, изјави американскиот претседател за „Фокс њуз“ во петокот, на крајот од дводенвниот самит со кинескиот колега Шји Џинпинг во Пекинг.

Тајванскиот претседател Лај Чинг-те претходно изјави дека Тајван не мора да прогласи формално независност затоа што веќе се гледа како суверена нација.

Соединетите Америански Држави  долго ја поддржуваат Тајван, вклучувајќи ја и законската обврска да ѝ обезбедат на нацијата средства за самоодбрана, но често мораа да го усогласуваат овој сојуз со одржувањето дипломатски односи со Кина.

Трамп претходно изјави дека „не презел никаква обврска на никаков начин“, во врска со самоуправувачкиот остров, кој Кина го смета за дел од својата територја и не ја исклучи можноста за негово заземање со сила.

Вашингтон долго време тврди дека не ја поддржува независноста на Тајван и дека континуираните врски со Пекинг се условени од прифаќањето дека постои само една кинеска влада.

Пекинг е гласен во своето негодување кон претседателот на Тајван, кого претходно го опиша како „проблематичен“ и „прекршител на мирот“.

Многу Тајванци се сметаат себеси за дел од посебна нација, иако повеќето се за одржување на статус кво во кој Тајван ниту прогласува независност од Кина, ниту се обединува со неа.

Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп повтори дека политиката на САД во врска со ова прашање не се променила.

„Знаете, ќе треба да патуваме 9.500 милји (15.289 км) за да водиме војна. Не барам тоа. Сакам да се оладат. Сакам Кина да се олади.“

На летот назад за Вашингтон, американскиот претседател им рече на новинарите дека тој и Шји разговарале „многу“ за островот, но дека одбил да разговара дали САД ќе го бранат.

Шји „има многу цврсти ставови“ за островот и „не сака движење за независност“, рече Трамп.

„Прашањето за Тајван е најважното прашање во односите меѓу Кина и САД“, предупреди Шји за време на повикот, според кинеските државни медиуми, додавајќи:

„Доколку се третира неправилно, двете нации би можеле да се судрат или дури и да војуваат“.

На прашањето дали предвидува конфликт со Кина околу Тајван, Трамп рече: „Не, не мислам така. Мислам дека ќе бидеме добро. [Шји] не сака војна“.

Кина ги засили воените вежби во близина на островот во последниве години, зголемувајќи ги тензиите во регионот и тестирајќи ја рамнотежата што ја воспостави Вашингтон.

Кон крајот на минатата година, администрацијата на Трамп објави пакет оружје од 11 милијарди долари за Тајван, вклучувајќи напредни ракетни лансери и ракети, што Пекинг го осуди.

Трамп рече дека наскоро ќе одлучи дали продажбата може да се реализира, додавајќи дека тој и Си разговарале за ова прашање „многу детално“.

Тој додаде: „Ќе кажам дека треба да разговарам со човекот кој моментално, знаете, го води Тајван.“

САД немаат формални односи со Тајван, иако одржуваат значајни неофицијални врски.

Американските претседатели традиционално не разговараат директно со тајванскиот лидер, а тоа веројатно би предизвикало значителни тензии со Пекинг, кој го смета тајванскиот претседател Лаи Чинг-те за сепаратист.

Заменик-министерот за надворешни работи на Тајван, Чен Минг-чи, во саботата изјави дека Тајван треба да го разјасни точното значење на забелешките на Трамп.

Чен, исто така, рече дека продажбата на американско оружје на Тајван е нешто што е потврдено со американскиот закон.

„Продажбата на оружје меѓу Тајван и САД отсекогаш била камен-темелник на регионалниот мир и стабилност“, додаде тој.

Портпаролот на претседателот Лаи, цитиран од „Ројтерс“, рече дека продажбата на оружје е дел од „безбедносната обврска на САД“ кон Тајван и „служи како заедничко средство за одвраќање од регионалните закани“.

Трамп, исто така, изјави за „Фокс њуз“:

„Не сакаме војни, и ако остане како што е, мислам дека Кина би била во ред со тоа. Но, не сакаме некој да каже: „Ајде да станеме независни затоа што САД нè поддржуваат.“

 

ИЗДВОЕНИ