Ужасни вести пристигнаа од Германија, каде што медиумите објавија дека Јосип Шарац е сериозно болен. Левиот бек на хрватската ракометна репрезентација прво рече дека има здравствени проблеми и дека ракометот не му е приоритет, а потоа „Вечерњи лист“ откри дека има акутна леукемија.
„Во постојан контакт сум со Јосип. Моментално е на лекување во Загреб, има акутна леукемија и прима хемотерапија. Кога се слушаме, зборуваме за сè, освен за болеста. Тој реагира добро. Сега сите треба да се молиме за него, што побрзо да се опорави“, рече Крешимир Козина, неговиот поранешен соиграч од Гепинген, во интервју за „Вечерњи лист“.
Оваа вест првпат ја објави германскиот ракометен портал „Хендбол Ворлд“, но не објавија за што точно станува збор. Поранешниот клуб на Јосип Шарц, Гепинген, веднаш одговори и испрати емотивна порака.
„Неодамна добивме тажна вест. Нашиот поранешен играч Јосип Шарац е сериозно болен, што длабоко нè погоди сите. Во овој момент не може да се размислува за ракомет, сега закрепнувањето е апсолутен приоритет“, изјави германскиот гигант.
Шарац последен пат играше кон крајот на 2025 година во дуелот на неговиот сегашен тим Татабање со Арау од Швајцарија во Лигата на Европа. Овој клуб во март истакна дека Шарац повеќе нема да игра.
„Од здравствени причини, повеќе не можеме да сметаме на Јосип Шарац оваа сезона. Најважно сега е неговото закрепнување“, објави тогаш унгарскиот клуб. Шарац повремено играше за хрватската репрезентација, а во 2020 година го освои европското сребро, што е резултат на неговата досегашна кариера.












