
Златан Ибрахимовиќ го критикуваше сега веќе поранешниот холандски селектор, Роналд Куман, по елиминацијата од Светското првенство. Легендарниот шведски напаѓач ја префрли целата одговорност за поразот од Мароко врз селекторот Куман, обвинувајќи го дека го напуштил препознатливиот холандски стил на игра и дека го поставил тимот премногу конзервативно.
Како еден од најострите аналитичари по поразот на Холандија, Ибрахимовиќ ја даде својата оценка за ФОКС, за кој работи како професионален коментатор.
„Мислам дека Куман е виновен за овој пораз бидејќи не го препознав овој холандски тим“, рече Ибрахимовиќ.
Неговите критики не застанаа само на тактиките. Ибрахимовиќ верува дека Куман се откажал од сè што историски го дефинирало холандскиот фудбал.
„Тој загуби со нехоландски идентитет, а тоа ме лути. Ако губиш, загуби со својот идентитет. Тоа е она што си“, заклучи тој.
Само за потсетување, Мароко се квалификуваше во осминафиналето на Светското првенство откако ја победи Холандија во драматичен натпревар одигран Монтереј по пенал рулетот. Тие ќе играат против Канада во осминафиналето, а натпреварот е закажан за 4 јули во 19:00 часот по средноевропско време.
По 120 минути игра, резултатот беше 1:1. Холандија поведе со голот на Коди Гакпо во 72. минута, а стоперот Иса Диоп израмни за Мароко во 91. минута. Победникот беше решен во изведување пенали, каде што Мароко победи со 3:2, а решавачкиот пенал го постигна Исмаел Саибари.











