Ракометната репрезентација на Данска по четврти пат по ред стана светски шампион. Данците во финалето на Светското првенство ја совладаа селекцијата Хрватска во финалето одиграно во Осло (Норвешка) со 32:26 (16:12).
Избраниците на селекторот Николај Јакобсен триумфираа и во 2019 година на домашен терен против Норвешка, потоа две години подоцна против Шведска во Египет, а во 2023 година славеа во Шведска против Франција.
Хрватска освои две светски титули, од кои последната беше во 2003 година во Португалија кога ги победија Германците. Последниот медал што го освоија Хрватите на големите натпреварувања беше во 2016 година.
Ова беше шесто финале во кое Хрватите беа поразени. Хрватска загуби на Светските првенства во 2005 и 2009 година, потоа на ЕП 2008, 2010 и 2020 година.
Ова беше посебен натпревар и за најдобриот хрватски ракометар Домагој Дувњак, на кого ова му бепе последен настап во националниот дрес.
-Ниту во најлудите соништа не би посакал ваков медал, поготово кога знаеме што ми се случи во второто коло. Им благодарам на играчите, тренерот, стручниот штаб. Преубаво првенство, ќе ми остане во глава цел живот. Му благодарам на моето семејство, родителите, децата, сестрите… Ова беше баш долг пат. Родни, пријатели, моите соиграчи кои се тука, поранешни соиграчите, сите тренери, генерации кои ме научија да го носам овој преубав и тежок дрес“, изјави Дувњак.
Ова беше шесто финале во кое Хрватите беа поразени. Хрватска загуби на Светските првенства во 2005 и 2009 година, потоа на ЕП 2008, 2010 и 2020 година. За разлика од Хрватите, Данска четрири пати по ред ја освојува тутлата на Мундијалите |
„Заминувам горд, им благодарам на луѓето кои дадоа живот за овој дрес. Тие да не беа, јас не би можел да ја претставувам својата држава 20 години. Заминувам среќен, исполнет, а репрезентацијата е во добри раце. Многу дол пат, од 2006, значи 19 години, дадов сѐ во оваа репрезентација, за овој дрес. Заминувам горд“, завршо хрватскиот репрезентативец.
Данските ракометари до титулата стигнаа на спектакуларен начин, со сите убедливи победи. Во првата фаза ги совладаа Алжир (47:22), Тунис (32:21) и Италија (39:20). Во втората фаза ги совладаа Германија (40:30), Швајцарија (39:28) и во единствениот натпревар со едноцифрена разлика Чешка (28:22). Данска во четвртфиналето го совлада Бразил со 33:21, а во полуфиналето Португалија со 40:27.
Гидсел МВП и најдобар стрелец на Мундијалот
По завршувањето на финалниот натпревар на Светското првенство, беше објавен ол-стар тимот, а сосема очекувано, во него имаше место за играчи од најдобрите четири репрезентации.
Еден од најдобрите ракометари на светот – Матијас Гидсел го понесе епитетот МВП на Мундијалот, но и заврши како најдобар стрелец, постигна 74 погодоци на девет натпревари.
Марио Шоштариќ и Иван Мартиновиќ од сребрената Хрватска беа избрани во ол-стар тимот, а признанието за најдобар млад ракометар заврши во рацете на Франциско Коста од Португалија.