Александар Вучиќ, носителот на листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“, утрово го даде својот глас на избирачко место во Нов Белград.
Придружуван од неговата сопруга Тамара, Вучиќ гласаше на избирачкото место број 140, кое се наоѓа во градинката „Тесла – Наука за живот“.
Ѓуро Мацут, премиер во технички (преоден) мандат, утрово гласаше во општина Вождовац. Според соопштението од Владата, Мацут гласал на избирачко место во основното училиште „Караѓорѓе“, заедно со членови на неговото семејство.
Истото тоа, чекајќи во ред како и сите останати граѓани, го направија и министерот за финансии Синиша Мали, претседателката на Собранието – Ана Брнабиќ…
Денеска во Србија се одржуваат вонредни парламентарни избори, при што граѓаните избираат меѓу 18 изборни листи.
Избирачките места ќе бидат отворени до 20:00 часот.












