вторник, август 25, 2026
Дома КУЛТУРА „Хоризонт на светлината“ – изложба на Марк Јанура во КИЦ Скопје

„Хоризонт на светлината“ – изложба на Марк Јанура во КИЦ Скопје

11

Во Изложбениот салон „Империјал 2“ на Културно-информативнот центар во Скопје на 26 август, во 20.00 часот, ќе се отвори изложбата на Марк Јанура „Хоризонт на светлината“.

-Во свет преполн со сензации и визуелна бучава, оваа изложба повикува да застанете и да ја почувствувате светлината. Преку серија апстрактни монопринтови, Марк Јанура ја истражува архитектурата како простор на тишина, каде линиите се издигнуваат, хоризонтите се протегаат, а светлината ја обликува формата. Делата стануваат медитација меѓу конструкцијата и празнината, меѓу блесокот и сенката, создавајќи пејзажи што не се географски, туку перцептивни. Хоризонтот се јавува како мост меѓу апстракцијата и реалноста, носејќи чувство на рамнотежа и нови перцептивни патувања, се вели кон изложбата.

Марк Јанура е уметник и дизајнер кој ја спојува традицијата со современоста. Неговите дела се движат од графика и мозаик до визуелна комуникација и дигитален дизајн. Со изложби во Македонија и странство, како и соработки во јавни простори, тој создава визуелни светови што ја истражуваат структурата и бојата. Неговата уметност е динамична, истовремено интимна и концептуална, секогаш насочена кон иднината.

Влезот за изложбата, која ќе трае до 7 септември, е слободен.

ИЗДВОЕНИ