Новата учебна година во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин започнува со уште подобри услови за учење. Со набавката на новите „смарт-табли“, училиштето е опремено со современа технологија која овозможува интерактивна, интересна и модерна настава.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска го посети училиштето кое е целосно подготвено да ги пречека учениците на 1 септември – со современа технологија, подобри услови и средина во која учењето ќе биде поинтересно, поинтерактивно и поблиску до современиот начин на живот.
– Со ова, ООУ „Блаже Конески“ се издвојува како едно од најмодерно опремените основни училишта во земјава – училиште кое ги следи современите образовни трендови и создава подобри услови за своите ученици – соопштија од Општина Аеродром.












