Општина Сопиште ги започна градежните активности за реконструкција на првата фаза од патниот правец Добри Дол – Марков Манастир, во должина од 500 метри.
– Во рамки на овој проект е опфатено и атмосферско одводнување на улицата, со што ќе се подобрат условите за движење, безбедноста и инфраструктурата за жителите – истакна градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски.












