сабота, ноември 28, 2026
Дома СВЕТ Илон Маск за еден ден се збогати за 40 милијарди долари: Ги...

Илон Маск за еден ден се збогати за 40 милијарди долари: Ги остави зад себе милијардерите вклучувајќи го и Безос

4
EPA/GIAN EHRENZELLER

Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, го зголеми своето богатство за 39,7 милијарди долари во изминатите 24 часа, според индексот на милијардери на Блумберг, врз основа на вредноста на акциите на неговите компании.

Во петокот, акциите на SpaceX пораснаа за 4,83 проценти на 133,59 долари, додека акциите на Tesla затворија за 5,22 проценти на 400 долари.

Благодарение на ова, нето вредноста на Маск се зголеми за 4,8 проценти во петокот, на 859 милијарди долари.

Џеф Безос е на второто место на новиот индекс на милијардери на Блумберг со средства во вредност од 364 милијарди долари, Лари Пејџ е на третото со 239 долари, Марк Закерберг е на четвртото со 223 долари, а Сергеј Брин е на петтото место со 223 милијарди долари.

ИЗДВОЕНИ