сабота, ноември 28, 2026
Дома СВЕТ Силен земјотрес во Лос Анџелес: Итните служби ја проверуваат инфраструктурата, градот на...

Силен земјотрес во Лос Анџелес: Итните служби ја проверуваат инфраструктурата, градот на готовс – се очекуваат последователни потреси

0

Земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Менхетен Бич во Калифорнија во сабота наутро, соопшти Геолошкиот завод на САД (USGS).

Нема веднаш пријавени повредени или штети, објави „ХафПост“.

Противпожарната служба на Лос Анџелес го активираше својот протокол за итен одговор по земјотресот и распореди екипи од 106 противпожарни станици за да ја проверат инфраструктурата и да утврдат дали има штета.

Одделот во соопштението наведува дека досега не се пријавени повредени или штети на згради.

Градот Менхетен Бич ги повика жителите да бидат подготвени за можни последователни потреси, кои би можеле да се случат неколку минути, часови или дури и денови по главниот земјотрес.

Во исто време, градските власти на социјалните мрежи изјавија дека во овој момент нема закана од цунами.

ИЗДВОЕНИ