среда, јуни 24, 2026
Дома СВЕТ Холандија пред најжешката ноќ во историјата, предупредување поради екстремна топлина

Холандија пред најжешката ноќ во историјата, предупредување поради екстремна топлина

40

Холандија се соочува со потенцијално рекорден топлотен бран, а метеоролозите предупредуваат дека ноќта од четврток до петок би можела да биде најжешката досега во земјата.

Националната метеоролошка станица во Де Билт очекува температурите да не паднат под 24 степени Целзиусови, со што ќе го сруши претходниот рекорд поставен во 2018 година кога минималната температура беше 23,6 степени, објави NL Times.

Портокалово предупредување за екстремна топлина стапува на сила напладне за поголемиот дел од земјата, освен за северните покраини Гронинген, Фрисланд и Дренте, кои се под жолто предупредување.

Европа под вршник: Што треба да знаете за феноменот „Омега блок“ и смртоносната топлина што ја носи

Жешка омега дење-ноќе ја пржи Европа, уште е јуни, а температурите скокаат над 40 степени

ИЗДВОЕНИ