среда, јуни 24, 2026
Дома СПОРТ Џани Инфантино донесе одлука што ќе го разбесни светот на фудбалот

Џани Инфантино донесе одлука што ќе го разбесни светот на фудбалот

145
epaselect epa10313977 FIFA President Gianni Infantino addresses a press conference in Doha, Qatar, 19 November 2022. The FIFA World Cup Qatar 2022 will take place from 20 November to 18 December 2022. EPA-EFE/MOAHAMED MESSARA

Иако многумина ја гледаат паузата за освежување како апсолутно уништување на фудбалот и додворување на телевизиските компании, кои заработуваат милиони долари од рекламирање, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, тврди дека парите немаат никаква улога во одлуката да има паузи од три минути во текот на двете полувремиња.

Обвинувањата против него и одлуките да има пауза на средина од натпреварот доаѓаат од сите страни. ФИФА наводно ги полни џебовите, но Инфантино одбива да каже дека, всушност, сè се врти околу парите.

– Главната причина е жештината. Мора да разберете дека се играат натпреварите за 39 дена, некои тимови ќе играат осум натпревари и потребно е да има пауза за одмор. Тоа е многу важно – рече Инфантино.

Тој најави дека ќе остане правилото на сила и на идните првенства.

– Она што е уште поважно за нас е да обезбедиме сите тимови, на секој натпревар, да играат под исти услови – вели тој.

Многумина тврдат дека се губи ритамот на овој начин и  дека се распаѓа играта на сегменти, што е особено здодевно за сите што се навикнати на „чисти“ 45 минути без поголеми прекини. Во практиката, паузите честопати стануваат мини тајмаути, а не само моменти за голтка вода.

Навивачите, од друга страна, тешко го прифаќаат објаснувањето дека парите немаат никаква врска со новото правило. Секоја пауза веднаш се поврзува со дополнителни ТВ-блокади, активирање на спонзорствата и со уште посилна комерцијализација на играта.

Во ера кога дресовите, стадионите, па дури и имињата на натпреварувањата им се подредени на спонзорите, тешко е да се убеди јавноста дека овој конкретен потег не се смета за финансиска корист.

Инфантино, сепак, останува доследен на наративот за грижа за фудбалерите. Тој постојано нагласува дека летните првенства се исклучително физички напорни, дека се играат во помалку идеално време и дека медицинските тимови инсистираат на дополнителна хидратација со цел да се намали ризикот од колапс, дехидрација и повреди.

ФИФА на тој начин се обидува да се претстави како заштитник на здравјето на играчите, дури и по цена на дополнителни критики.

 

ИЗДВОЕНИ