понеделник, јуни 8, 2026
Дома СВЕТ Хероин вреден 52 милиони евра откриен со рендген

Хероин вреден 52 милиони евра откриен со рендген

0

Полска заплени речиси еден тон хероин во вредност од 52 милиони евра, што е најголемата заплена на дрога во последните години, соопштија властите.

Полицијата пронајде голема количина дрога во контејнери што пристигнаа од Обединетите Арапски Емирати во балтичкото пристаниште Гдиња, а властите добија информации за пратката од британските даночни власти, објави Ројтерс.

„Не морам да ви кажам што би се случило ако таква количина од оваа ужасна дрога стигне на полскиот пазар“, рече полскиот министер за внатрешни работи Марцин Кирвински.

Дрогата била скриена во пратка декоративни тули и била откриена со помош на рендгенска опрема, се додава во соопштението.

Тројца полски државјани се приведени во врска со случајот, а истрагата е сè уште во тек, пренесе Танјуг.

ИЗДВОЕНИ