понеделник, јуни 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Дожд, па големо заладување – од петок температурите паѓаат на есенско ниво

Дожд, па големо заладување – од петок температурите паѓаат на есенско ниво

0

До четврток, времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Поради големата енергија и влага во атмосферата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од УХМР најавуваат дека во петок се очекува процесите да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени.

Од петок ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

ИЗДВОЕНИ