Џејмс Харден сè уште е без договор, но најновите информации укажуваат дека искусниот бек би можел да ја продолжи соработката со Кливленд кавалирс. Според новинарот на „ЕСПН“, Шамс Чаранија, двете страни се во постојан контакт и разговараат за нов договор со траење од две или три години.

Кливленд во исто време работи и на дополнително засилување на ростерот и покажува интерес за крилните играчи Пејтон Вотсон и Џонатан Каминга, додека дополнителна финансиска флексибилност доби со испраќањето на Денис Шродер и пари во Шарлот во замена за Тре Ман.

Харден, претходно летово, ја одби играчката опција вредна 42,3 милиони долари за сезоната 2026/27, надевајќи се на повеќегодишен договор. Тој пристигна во Кливленд пред крајниот рок за трејдови, во размена со Лос Анџелес Клиперс, и веднаш најави дека сака да се бори за шампионската титула.

ИЗДВОЕНИ