Информацијата за новото поскапување на горивата ги испрати граѓаните на бензинските пумпи.
Најавеното поскапување започнува од полноќ, па граѓаните побрзаа да си наточат гориво по стара цена, што резултираше со редици возила на повеќе бензински пумпи низ Македонија.
Регулаторната комисија за енергетика на Република ги објави новите цени на горивата кои повторно отидоа нанагоре. И тоа значително – цената на бензините се искачи за 4,50 а на дизелот за 6,50 денари. Така според новиот тарифник за литар Еуросупер БС-95 ќе плаќаме по 91,50, за литар Еуросупер БС-98 по 93,50 а за литар Еуродизел Д-Е V по 98 денари. Или во проценти изразено во просек за 4,85% во однос на досегашните малопродажни цени на нафтените деривати. Ваква одлука регулаторната комисија за енергетика има донесено заради поскапувањето на референтните цени на светскиот пазар кај бензините за 8,983% и кај дизелот за 10,979 отсто додека курсот на денарот во однос на доларот се намали за 0,2247%. Во пресметките се влезени и намалените акцизи за 2 денари кај бензините и 4 кај дизелот.












